• среда, 09 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: СДС треба да се извини за грешките кои ги направија со Бугарија, штетите се преголеми

Манасиевски: СДС треба да се извини за грешките кои ги направија со Бугарија, штетите се преголеми

Скопје, 23 април 2025 

Почитувани,

Нема да има подобар договор ниту нови условувања, да донесеме одлука со која сите ќе се гордееме, кажа Димитар Ковачевски на 06.08.2023 година.

Ова е извадок од соопштение од СДС од нивната официјална страница.

Од овде се гледа дека СДС свесно лажеше.

Денес 23.04.2025 година, нецели две години потоа, министерот за надворешни работи на Бугарија лично кажа дека со промената на Уставот, нема да завршат бугарските барања.

Дополнително еврокомесарката Марта Кос, кажа дека не може да потврди дека нема да има нови блокади заради билатерални прашања.

Двете тези на СДС со кои ги лажеа граѓаните дека нема да има нови барања од Бугарија, и втората дека нема да има блокади заради билатерални прашања се побиени.

СДС ја донесе државата до ќорсокак. Лошите политики, кусогледоста и немањето визија денес не чинат и преговарачки позиции и углед.

Почитувани, СДС треба да се извини за грешките кои ги направија со Бугарија. Штетите се преголеми.

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=f0noI_8V0kA

https://we.tl/t-91rTbs5C1g

 

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан