• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: Ралев да каже, прифаќа ли да биде губитнички кандидат за градоначалник на СДС за Скопје и дали чека Филипче да го избере

Манасиевски: Ралев да каже, прифаќа ли да биде губитнички кандидат за градоначалник на СДС за Скопје и дали чека Филипче да го избере

16 јули 2025

Вчера Венко Филипче призна дека нема кандидат за градоначалник за  Град Скопје.

Филипче призна дека никој не сака да биде кандидат на СДС за Скопје, а излажа дека одлучува помеѓу неколку имиња, меѓу кои и архитектот Мишко Ралев и бившата министерка на Заев, Каја Шукова.

Филипче глуми дека одлучува или бира помеѓу некого.

Оттука го повикуваме Мишко Ралев, да каже дали прифаќа да биде губитнички кандидат за градоначалник на СДС за Скопје.

Дали Ралев чека Филипче да го избере, т.е. да се одлучи дали тој е доволно добар да трча за Скопје?

Сите знаат дека Филипче нема кандидат, ниту некој ќе му се нафати, единствено кој може да прифати  и да му биде кандидат е некој од шинелот на Заев, како Каја Шукова или нејзе слични, кои немаат избор дали прифаќаат или не да губат, во името на Заев и Венко, тие мораат.

И Венко Филипче и сите во СДС, знаат колкав ќе биде поразот нивен во октомври.

Разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски е огромна, толку голема што ќе значи убедлива победа уште во првиот круг.

Како тргнало, ќе треба Венко сам да се кандидира.

Линк од видео материјал:

https://youtu.be/ENQyvA7oyCk

https://www.swisstransfer.com/d/218b75b6-e3cd-4945-bea9-e2f974825664

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ 

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан