• среда, 25 март 2026

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

17 септември 2025

Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица. Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите, што МИА ја пренесува интегрално.

Апасиев, од левичарска и работничка партија, ја претвори Левица во елитистички партија со која гази врз сопствените членови.

Доказ за тоа е купувањето на конфискуван недвижен имот во центарот на градот, за цена од 250 илјади евра, многу пониска од реалната. 

Јавноста беше замајувана дека тоа не е вистина, но сепак вистината излезе на површина, а тоа е дека просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, за кои Левица долги години беше против.

Истата таа Левица, и истиот тој Апасиев, кои до вчера ги обвинуваа другите за корупција и за привилегии, денес самите стануваат дел од истите практики. Од граѓаните бараат донации, а парите завршуваат во џебот на партискиот врв. Од другите пратеници бараат отчет за патни трошоци, додека самите го прават истото.

Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна, од наводно неподмитливи до профитери.

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ го осудува обидот да се злоупотребуваат трагичните настани во Кочани преку фотомонтажи и обвинувања

Прашање: Кој е вашиот став за фотографиите кои излегоа по социјалните мрежи во кои се вели дека конкретни виновници за пожарот во Кочани се Мицкоски, Тошковски и Јанев?

Одговор: Најостро го осудуваме овој срамен, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и членови на Владата.

За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад вакви обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години ја злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и за партиски цели. Очигледно, СДС и структурите блиски до нив, посакуваат убиство на премиер, на министер за внатрешни работи и на директор на јавна безбедност. Во отсуство на проекти, во отсуство на програма, тие се обидуваат преку подмолен начин, еве преку овие фотомонтажи, преку пожари, преку потпалувања да дојдат до некакво внимание во јавниот простор. Го повикуваме воедно и Филипче да се огради од овие фотомонтажи, дека не стои позади нив, во спротивно ќе се покаже дека тој лично  ги има нарачано овие фотографии.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака повторно да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Воедно го повикуваме и ЈО веднаш да постапи и да ги пронајде овие некрофили.

Линк од видео материјал: 

https://youtu.be/SMDKbLD72oo

https://www.swisstransfer.com/d/735d0f6e-1482-453c-a685-3b9122f20ce7

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан