Манасиевски: Дали Филипче моментално е во Дубаи, влезен со златната виза заедно со Заев по приватен бизнис
- СООПШТЕНИЕ - Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи?
Скопје, 15 мај 2025
Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи?
Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата презема дури двојно од мерките кои СДС ги нуди со законот.
Имено, Венко Филипче по информација добиена од свиркачи, на 10.05.2025 е излезен од Македонија на граничниот премин Богородица, одејќи во Грција. Оттука, го прашуваме Филипче, дали е точна информацијата дека од Солунскиот аеродром се упатува кон Дубаи со златната виза? Дали Филипче е во Дубаи на увид со Заев на изградба на 50катница или можеби некој друг бизнис?
Македонската јавност заслужува одговор, за тоа каде е Венко Филипче? Затоа ли имавме молк од 5 дена?
Додека тој ужива во украдените пари, лицемерно поднесува Закон за настраданите од Кочани, на којшто не ни присуствува.
Филипче е само обичен лицемер, лажго и манипулатор.
Филипче и СДС се синоним за криминал, корупција и предавства.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=ZxVJbYLMHBE
https://www.swisstransfer.com/d/d1e69c29-fd6f-41ea-8c81-63fb89811940
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива