• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: Венко Филипче беше фатен во „Крвави тендери" набавка вредна 35 милиони евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка

Манасиевски: Венко Филипче беше фатен во „Крвави тендери

копје, 11 април 2025

Венко Филипче беше фатен во "Крвави тендери" набавка вредна 35 милиона евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка.

Венко Филипче со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра.

Единствена фирма која се имаше појавено на повикот и со која Филипче беше пред склучување на договор беше АХР ЛАБ, фирма без корпоративна електронска пошта, а ќе остане запаметена по маилот жути@јаху.ком

Венко Филипче чекаше да помине револтот на јавноста за да продолжи да го турка тендерот, но силната реакција на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста тоа не го дозволија.

Венко Филипче нема кредибилитет. Тој е претседател на СДС, само за да може некогаш повторно да дојде во позиција за да ги повтори тендерите како тој со аферата "Крвави тендери". Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет. Венко Филипче треба да си даде оставка.

Манасиевски: Од канцер-мафија до лажна загриженост-СДС на дело

 
Овие обвинувања од СДС ги сметаме за дрски и целосно неосновани, особено имајќи предвид дека најголемиот скандал во историјата на македонската онкологија се случи токму под владеењето на СДС.

Наместо да признаат одговорност, СДС се обидува со евтини политички поени да ја префрли вината врз други. Јавноста ги памети фактите и нема да наседне на ваквото лицемерие.

Скандали и пропусти на онкологија под власт на СДС:

Монструозни злоупотреби со терапијата за канцер: За време на владеењето на СДС, на Клиниката за онкологија се случи невиден скандал – пациентите со канцер не ја добиваа потребната терапија. Наместо скапите цитостатски лекови, болните добивале обичен физиолошки раствор, додека вистинските скапи онколошки лекови биле крадени и препродавани на црниот пазар. Овој морбиден чин ја шокираше целата јавност и предизвика масовни протести на граѓаните, кои со право бараа „оставки, правда за жртвите и казна за вмешаните“, во продажбата на украдените лекарства.

Свесно создаден хаос и „канцер-мафија“ без контрола: Наместо да спречат вакви злосторства, надлежните институции под водство на СДС со години не мрднаа со прст. Пациенти и медиуми предупредуваа дека на Онкологија владее свесно создаден хаос – намерно се правеле долгови, терапија постојано недостасувала a болните добивале физиолошки раствор наместо лек, украдените скапоцени медикаменти завршувале на црниот пазар во земјата и во странство. Никој од тогашните одговорни функционери не презел ништо со месеци и години, па оправдано се поставува прашањето: колку човечки животи ќе беа спасени доколку Министерството за здравство, инспекторатот и Фондот не замижеа пред овој криминал?

Утврдено директно учество и одговорност на кадри на СДС: Парламентарната Анкетна комисија за скандалот на Онкологија изнесе поразителни заклучоци кои водат директно до СДС. Главната одговорност за онколошкиот криминал треба да се бара кај високите функционери именувани од тогашната власт – поранешниот министер за здравство, а сега претседател на СДС Венко Филипче, тогашниот директор на Онкологија д-р Нино Васев, економскиот директор Нехат Нухи, директорката на Државниот здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова, како и тогашните директори на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Сите овие лица беа поставени од владата на СДС и токму нивната негрижа и неспособност овозможија да се случи овој скандал.

Саботирањето на истрагата и обид за заташкување: Наместо соочување со вистината, СДС (заедно со нивниот коалициски партнер ДУИ) направи сѐ за да ја опструира разврската на случајот. Фактот дека СДС и ДУИ намерно ја саботираа Анкетната комисија за Онкологија, што е доказ дека правеа сѐ да не се дознае вистината и да заштитат свои кадри вплеткани во онколошката афера. Овој паничен обид за прикривање говори доволно за тоа колку длабоки се корените на СДСМ во скандалот. Но, колку и да бегаат од одговорност, вистината излегува на виделина – и таа вистина е поразителна за СДС.

Одговорноста за недостаток на лекови е наследство од СДСМ!

По сето погоре кажано, СДС нема никаков кредибилитет да држи лекции за состојбите на Онкологија. Иронично е опозицијата да држи лекции за тоа што тие го направија во здравствениот систем во колапс и сега глумат загрижени. Реалноста е дека сегашниот недостаток на одредени онколошки лекови е директна последица на нивните пропусти и лошо планирање во минатото.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да избега од сопствена одговорност.

Побарaвме од Јавното обвинителство темелна истрага за сите злоупотреби на Онкологија и казни за одговорните. Веќе се работи на подобро планирање на набавките и итно снабдување со потребните лекови, во соработка со ресорните институции. Дополнително, се воведуваат зајакнати механизми на контрола, за никогаш повторно да не се случи ваков срам во нашиот здравствен систем.

СДС треба да се извини за пустошот што го остави во Онкологија, наместо беспоштедно да ги критикува оние што го расчистуваат нивниот неред.

Јавноста јасно гледа кој е виновен за катастрофата на Онкологија, и обидите на опозицијата за дефокусирање се однапред осудени на неуспех.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на пациентите и граѓаните – со дела, а не со зборови – за конечно да има ред, одговорност и доволно лекови во здравството.

 

 

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:  ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан