• петок, 22 ноември 2024

Малолетникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ донесен во суд

Малолетникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ донесен во суд

Белград, 8 октомври 2024 (МИА) - Малолетниот К.К. (14), кој изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска е изведен во Специјалниот суд во Белград каде треба да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кечамановиќ. Тој за првпат е изнесен од психијатриската установа во која е откако го извршил делото, јави дописникот на МИА од Белград.

Детето масовен убиец е донесено со возило на Брза помош, придружуван од полицијата и во судот ќе биде сослушан како сведок. Пред Специјалниот суд има вооружени полицајци за да го обезбедуваат судењето на кое покрај адвокатите присуствуваат и оштетените.

Родителите на убиените деца присуствуваат на судењето, потресени, тажни и со солзи во очите.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиштето Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

К.К., кој на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска за првпат лице в лице ќе се сретне со семејствата на неговите жртви, но и со неговите родители, со кои од подигање на обвинението му е забрането да комуницира.

Родителите на малолетниот убиец, Миљана и Владимир Кецмановиќ на претходните судења ја дадоа својата одбрана и негираа вина. Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви.

Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи однел 13-годишно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека небезбедно дома чувал оружје.

Мајката Миљана Кецмановиќ е обвинета затоа што нејзината ДНК е пронајдена на чаура во училницата каде што бил извршен масакрот.

Момчето К.К., во моментот на ова кривично дело сè уште немало 14 години поради што не одговара кривично, стрелал на своите соученици од два пиштоли на татко му.

Потоа истите кобниот ден ги ставил во ранец, отишол на училиште и на првиот час убивајќи 10 луѓе, и ранувајќи уште пет деца и наставничката по историја. об/

Остани поврзан