Мали: Од утре во Србија, Северна Македонија и Албанија ќе се применува системот за препознавање на работни дозволи
- Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од утре, 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
Белград, 4 март 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од утре, 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
-Утре е 5 март, така што ќе стапи на сила системот за препозвање на работните дозволи меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите, изјави Мали.
Тој кажа дека тоа ќе значи дека имате ситуација некој што има работна дозвола, на пример во Албанија, може да работи во Србија и обратно.
-Имајќи го предвид нивото на платите, нивото на развој и нивото на БДП, нескромно очекуваме дека најголемиот број луѓе ќе го најдат своето решение и желба да работат во Србија, рече Мали.
За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски.
Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.
Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан прену нивниот национален портал за електронкса управа. об/мд/