• недела, 22 декември 2024

Малите бизниси во САД во антимонополска коалиција против Амазон 

Малите бизниси во САД во антимонополска коалиција против Амазон 

Вашингтон, 6 април 2021 (МИА) Повеќе мали бизниси од САД формираа коалиција за започнување кампања за построги антимонополски закони, а насочена пред сѐ кон Амазон, со намера да го натераат гигантот за продажба на стоки за широка потрошувачка онлјан да оддели некои од своите бизнис сегменти. 

Се работи за коалиција создадена денеска од компании кои работат во секторот за малопродажба на хардвер, канцеларски стоки, книжарници, минимаркети и други, на која и се приклучија бизнис здруженија од 12 градови.  

Малите бизниси ќе лобираат преку своите претставници во Конгресот да се донесат потребните закони за намалуање на монополската позиција на Амазаон на Интернет, каде на сопствена платформа тој конкурира со други помали продавачи, кои обично се губитицо во таа борба на намалени цени.  

Коалицијата бара закони со што ќе може да се одвои малопродажбата на Амазон од неговата онлајн продажна платформа. 

Во Конгресот на САД веќе се работи на текст за антимонополски законски проект со слични рестрикции против доминантните компании како Фејсбук, Гугл или Амазон, кои станаа монополи на Интернет мрежата во повеќе сегменти како маркетинг, медиуми, малопродажба или социјални мрежи.Такви закони бара коалицијата на мали бизниси, но засега законодвците сеуште немаат изготвен нацрт закон за да биде наскоро ставен на разгледување. 

Амазон од своја страна вели дека „напротив, страничните продавачи се надополнуваат со нас, и можноста на продавачите да конкурираат директно со Амазон е она од што најголем бенефит имаат купувачите, додека моделот за маркетинг на нашата трговска платформа служи за успех на самите продавачи“. Истакнувајќе дека тоа е она што се нарекува „слободен пазар“. 

Волстрит журнал наведува коментари од сопственици на неколку мали бизниси кои биле принудени да отпуштат работници или да ги остранат своите производи од платформата на Амазон поради „преголемиот увид што компанијата го има во нашиот бизнис“. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан