• петок, 22 ноември 2024

Малиот плоштад кај штипскиот Центар за култура ќе се разубавува со мозаик

Малиот плоштад кај штипскиот Центар за култура ќе се разубавува со мозаик
Штип, 29 јули 2022 (МИА) - Ново идејно решение, со мозаик треба да го разубави просторот на улицата  „Тошо Арсов“ во Штип. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков вели дека дека е мал плоштад меѓу зградите на Центарот на култура и Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД )-Штип. Уметниците Марјан Стојаноски од Прилеп и Ристе Мицевски од Штип се главните виновници, коишто во пракса ќе ја реализираат идејата – повеќенаменското, уметнички – стилизирано катче да биде уредено со мозаична инсталација. Идеја е на Трајков. -Имајќи предвид дека ова катче не е уредено, туку само е асфалтна површина, дојдовме идеја да направиме една интервенција во уметнички простор со двајца уметници, Марјан Стојановски од Прилеп, којшто би требало да ја изведе склуптурата и Ристе Мицевски од Штип, чијашто задача ќе биде уредувањето на површината. Она што е битно е дека овој плоштад ќе има едно уникатно решение, односно ќе биде паметен плоштад којшто ќе користи сопствени извори на енергија и да не троши дополнителни енергетски од самата Општина или од парите на граѓаните, што значи самиот да се одржува од себе, вели Трајков. На идејата се работи подолго време, а во моментов се изнаоѓаат ресурси коишто би се користеле во реализацијата. Според  Трајков, проектот нема да го работи само националната установа, туку ќе биде побарано да придонесе и Општината преку јавните претпријатија, како и приватни компании. -Оваа идеја е започната, се работи на неа малку подолго време. Се осмислуваше просторот, сега веќе преминуваме кон архитектонското решение и сите негови атрибути коишто гравитираат, за тоа кои материјали ќе се употребуваат. Она што го знаеме и може да го кажам, материјалите ќе бидат веќе употребувани коишто не се користат. Додека материјалите, канделабрите и сите оние работи ќе бидат предмет на партнерства помеѓу општината, приватните компании, коишто сакаат да донираат за да го направиме овој уметнички плоштад „Тошо Арсов“, вели  Трајков. Колку финансиски средства ќе бидат потребни за реализација на овој проект дополнително ќе се знае. Дел се аплицирани преку Министерството за финансии, друг дел ќе бидат побарани преку општината и приватни компании со цел соработка за оплеменување на просторот. вдј/аа/

Остани поврзан