• петок, 22 ноември 2024

Малезија сака да ја продолжи истрагата за исчезнатиот авион на летот MH370

Малезија сака да ја продолжи истрагата за исчезнатиот авион на летот MH370

Куала Лумпур, 3 март 2024 (МИА) - Малезија бара нова истрага за исчезнатиот авион на летот MH370 на авиокомпшанијата „Малезија ерлајнс“, соопшти денеска малезискиот министер за транспорт, Ентони Локе, во пресрет на 10-годишнината од сè уште нерешеното исчезнување на авионот.

Летот MH370, на авионот „Боинг 777“ со 227 патници и дванаесет членови на екипажот, исчезна од радарите за време на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8 март 2014 година.

Малезиските истражители првично не ја исклучија можноста авионот намерно да скршнал од курсот. Неговите останки се појавија на бреговите на Африка и на островите на Индискиот Океан, некои потврдија, а некои претпоставуваа.

Малезискиот министер за транспорт денеска кажа дека американската компанија за истражување на подморјето „Ocean Infinity“ била повикана на разговари за нејзиниот последен предлог, по двата претходно неуспешни.

-Малезиската влада е посветена на потрагата и таа мора да продолжи, рече министерот Локе на денешната церемонија по повод трагедијата од пред 10 години.

Официјален Куала Лумпур веќе ја ангажираше компанијата „Ocean Infinity“ во 2018 година за пребарување на јужниот дел на Индискиот Океан, нудејќи и на американската компанија 70 милиони долари доколку го најде авионот.

Малезија, Кина и Австралија претходно, во 2017 година, ја прекинаа двегодишната потрага од 130 милиони долари. 

Локе најави дека Малезија ќе разговара за соработка со Австралија за продолжување на потрагата, тогаш кога предлогот на американската компанија добие зелено светло од малезиската Влада. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан