• четврток, 26 март 2026

Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

Вашингтон, 24 февруари 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

Средбата се одржува на денот на третата годишнина од инвазијата на Русија врз Украина и неколку дена откако Трамп ја обвини Украина за започнување на војната, пренесе ДПА.

Состанокот се одржува и откако Трамп одржа 90-минутен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин – без учество на Украина или Европа.

Минатата недела Макрон ги повика европските шефови на држави и премиери во Париз на кризни разговори, а потоа телефонски разговараше со Трамп. Меѓу другото, на средбата станало збор и за прашањето за европски мировни сили по евентуален прекин на огнот.

Се очекува Трамп да се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон во следните неколку дена. Според извештаите на медиумите, Стармер би можел да го претстави концептот за мировни сили. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан