Макрон ја повикува Индија да го поддржи мораториумот за напади врз цивили во Украина
- Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Индија да ја поддржи идејата за запирање на воените напади насочени кон цивили и инфраструктура во војната меѓу Русија и Украина.
Њу Делхи, 17 февруари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Индија да ја поддржи идејата за запирање на воените напади насочени кон цивили и инфраструктура во војната меѓу Русија и Украина.
„Би можеле да ги здружиме силите за да го поддржиме воспоставувањето на итен и траен мораториум за напади врз цивили и цивилна инфраструктура“, изјави Макрон пред новинарите по средбата со индискиот премиер, Нарендра Моди.
Моди рече дека Индија ќе продолжи да се залага за мирно решавање на тековните конфликти во Западна Азија и Источна Европа.
Макрон понатаму рече дека француско-индиските односи се во фаза на забрзување како одговор на променливиот меѓународен поредок.
„Имаме посебно глобално стратешко партнерство, кое им дава нови амбиции на врските меѓу Индија и Франција“, рече Макрон, кој ги наведе вселенската индустрија, нуклеарната енергија, ретките земјни метали и минерали, аеронаутиката и брзите возови како клучни сектори за партнерство со Индија.
Макрон е во Индија, каде што е во тек Светскиот самит за вештачка интелигенција, а Србија ја претставува претседателот Александар Вучиќ. мс/сд/
фото: ЕПА