Макрон: Франција, Турција и Грција планираат евакуација на населението од Мариупол
- Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека заедно со Турција и со Грција планираат „хуманитарна операција“ за евакуација на луѓето од украинскиот разурнат град Мариупол

Брисел, 26 март 2022 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека заедно со Турција и со Грција планираат „хуманитарна операција“ за евакуација на луѓето од украинскиот разурнат град Мариупол.
Тој истакна дека е во контакт со градоначалникот на Мариупол и оти „се координираме и потоа ќе преговараме со Русите“.
Макрон наведе дека во следните 48 до 72 часа ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. ми/