• петок, 05 декември 2025

Макрон: Франција е солидна држава со стабилна економија

Макрон: Франција е солидна држава со стабилна економија

Париз, 27 август 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција останува „солидна држава со силна економија“, и покрај падот на активностите на берзата и финансиските пазари во пресрет на гласањето за доверба на владата.

- Франција е солидна држава со солидна економија, но мораме да ја преземеме судбината во свои раце, ја пренесе портпаролката Софи Прима изјавата што Макрон им ја упатил на министрите на седница на владата.

Тој додал дека желбата Франција да стане уште посилна е сигнал што ѝ се испраќа на финансиската заедница.

Премиерот Франсоа Бајру претходно најави дека ќе бара гласање за доверба на неговата влада поради буџетските планови за 2026 година, а според проценките, исходот може да биде негативен.

Макрон, сепак, на состанокот не спомнал можност за распуштање на парламентот, нагласи портпаролката Прима. ссм/

фото: архива

Остани поврзан