• петок, 22 ноември 2024

Макрон утре ќе иницира расправа на Г20 за руските гранати врз Полска

Макрон утре ќе иницира расправа на Г20 за руските гранати врз Полска
Париз,  15 ноември 2022 (МИА) - По веста дека два руски проектили паднале  врз село во Полска, во непосредна близина на границата со Украина, францускиот претседател Емануел Макрон  веќе „контактирал со полските власти и е во тек со ситуацијата“, соопшти вечерва Елисејската палата за француските медиуми. Макрон ја „истражува можноста утре изутрина да се отвори расправа на лидерско ниво на самитот на Г20  за да се анализираат ризиците и да се спречи ескалација на конфликтот... со оглед на присуството на сите наши главни европски партнери и нашите главни сојузнички партнери на самитот во Индонезија“, каде присуствува и самиот француски претсзедател, додаде Елисејската палата. Државниот секретар Соња Башес вечерва пред пратениците во францускиот Парламент изјави дека премиерката Елизабет Борн „многу внимателно ја следи ситуацијата во соработка со нашите полски сојузници и Полска може да смета на солидарноста на Франција“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ја обвини Русија дека истрела проектили кон Полска,земја  членка на НАТО, нарекувајќи го наводниот напад, кој се уште не е потврден, „многу значајна ескалација“. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки веднаш го свика Советот за национална безбедност. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан