• сабота, 21 декември 2024

Макрон утре ќе ги прими Трамп и Зеленски пред церемонијата во „Нотр Дам“

Макрон утре ќе ги прими Трамп и Зеленски пред церемонијата во „Нотр Дам“

Париз, 6 декември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува утре на церемонијата за отворање на обновената катедрала „Нотр Дам“ во Париз, на која се очекува да присуствуваат и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, како и други државни и владини лидери.

Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими Зеленски пред почетокот на церемонијата. Исто така, се најавува дека претходно ќе има и средба со Трамп.

Неименуван извор од Украина соопшти дека постои можност за средба меѓу Зеленски и Трамп надвор од официјалната програма, пренесува Укринформ.

На церемонијата ќе присуствуваат околу 40 државни и владини лидери, вклучувајќи ги германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, италијанскиот претседател Серџо Матарела, полскиот претседател Анджеј Дуда, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и други. Американскиот претседател Џо Бајден нема да присуствува, но ќе биде претставуван од својата сопруга Џил Бајден.

Францускиот претседател Макрон ќе одржи говор, по што ќе бидат отворени вратите на обновената катедрала, а ќе биде прочитана и порака од папата Франциск, кој претходно ја одби поканата за лично присуство. ссм/

фото: архива

Остани поврзан