Макрон и посака брзо закрепнување на принцезата од Велс
- Францускиот претседател Емануел Макрон на Х и посака брзо закрепнување на принцезата од Велс, Кејт, која денеска соопшти дека има рак.

Париз, 22 март 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон на Х и посака брзо закрепнување на принцезата од Велс, Кејт, која денеска соопшти дека има рак.
- Ваше височество, во овој тежок период низ кој поминувате, Брижит и јас ви посакуваме целосно закрепнување. Вашата сила и издржливост се инспирација за сите нас, напиша Макрон.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, претходно откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија. јт/