• четврток, 04 декември 2025

Макрон: Израелските напади врз болницата во Газа не може да се толерираат

Макрон: Израелските напади врз болницата во Газа не може да се толерираат

Париз, 25 август 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека израелските напади врз болницата во Газа, кои предизвикаа смрт на цивили и новинари, се недозволиви.

Макрон на X напиша дека цивилите и новинарите мора да бидат заштитени во сите околности.

- Медиумите мора да бидат во можност слободно и независно да ја извршуваат својата мисија да известуваат за конфликтите, наведе Макрон, повикувајќи го Израел да го почитува меѓународното право.

Тој информира дека за ситуацијата во Газа разговарал и со емирот на Катар. јт/

Остани поврзан