• четврток, 18 јули 2024

Макрон го распушти Парламентот и закажа предвремени избори на 30 јуни

Макрон го распушти Парламентот и закажа предвремени избори на 30 јуни

Париз, 9 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да го распушти Националното собрание, најавувајќи предвремени избори за неколку недели, поради лошите резултати на неговата партија на гласањето за Европскиот парламент.

Првиот круг на изборите за Националното собрание ќе се одржи на 30 јуни, а вториот 7 јули, објави Макрон во обраќањето до нацијата.

По тешкиот изборен пораз од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин ле Пен, Макрон изјави дека исходот „не е добар резултат за партиите кои ја бранат Европа“.

Националниот фронт на Ле Пен на денешните избори за Европскиот парламент освои околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе отколку на претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на Макрон. Социјалистите освоија 14 проценти од гласовите.

Претворено во мандати, Националниот фронт на Марин Ле Пен добива 31, Ренесанса на Макрон 14, а социјалистите 13.

Ле Пен го опиша изборниот резултат како „историски“.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан