• сабота, 21 декември 2024

Макрон ги посети украинските војници кои се обучуваат во Франција за борба против Русија

Макрон ги посети украинските војници кои се обучуваат во Франција за борба против Русија

Париз, 9 октомври 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги посети украинските војници кои се обучуваат во воен камп на истокот на Франција.

Од безбедносни причини, кабинетот на Макрон соопшти дека не може да каже каде се наоѓаат.

Украинската бригада која Макрон ја посети денеска се подготвува и се вооружува за борба против руската армија.

Француската армија обучува 2.300 украински војници, учејќи ги како да користат и одржуваат оружје доставено од Франција и подложувајќи ги на услови слични на борбени дејствија.

Ова е првпат Макрон да се сретне со некои од 15.000 украински војници обучени од Франција од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. паг/


  

Остани поврзан