• четврток, 26 март 2026

Макрон ги обвини САД дека ги напуштаат своите сојузници и не ги почитуваат меѓународните правила

Макрон ги обвини САД дека ги напуштаат своите сојузници и не ги почитуваат меѓународните правила

Париз, 8 јануари 2026 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги обвини САД со трговските договори и безбедносни политики им го свртиле грбот на своите партнери.

- САД се етаблирана сила, но прогресивно се повлекуваат од некои од своите сојузници и се оддалечуваат од меѓународните правила што ги промовираа до неодамна, истакна Макрон пред амбасадорите во Париз.

Според него, големите сили се во искушение да го поделат светот.

Постои ризик нашата Европа да биде ослабена … таа би можела да стане последното место, каде што ќе продолжиме да се сеќаваме на правилата на играта што другите повеќе не ги почитуваат“. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан