• недела, 22 декември 2024

Макрон в четврток го отвора Олимпиското село во Париз

Макрон в четврток го отвора Олимпиското село во Париз

 

Париз, 27 февруари 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го отвори в четврток „Олимпиското село 2024“, лоцирано во предградие на Париз, и тоа е „важен чекор кон Игрите“, соопшти вечерва Елисејската палата.

Компанијата која го градеше Олимпиското село на церемонијата на која ќе присуствува Макрон официјално ќе ги предаде клучевите на Организацискиот комитет на Олимписките игри 2024 во Париз.

Олимпиското село официјално ќе биде отворено во јули пред почетокот на Олимписките и Параолимписките игри.

Олимпиското село е лоцирано во предградие на Париз во близина на реката Сена и е најголем проект на Организацискиот комитет, со 2.800 станбени единици или околу 14.250 кревети.

За изградена на Олимпиското село беа ангажирани околу 4.000 работници.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан