• вторник, 18 јуни 2024

Макрон вели дека Французите „ќе го направат вистинскиот избор“

Макрон вели дека Французите „ќе го направат вистинскиот избор“

Париз, 10 јуни 2024 (МИА) -  Претседателот Емануел Макрон денеска нагласи дека е убеден дека Французите ќе го направат вистинскиот избор на предвремените избори што ги свика откако неговиот центристички сојуз беше поразен од екстремната десница на изборите за ЕУ.

„Уверен сум во капацитетот на францускиот народ да го направи вистинскиот избор за себе и за идните генерации. Мојата единствена амбиција е да бидам корисен за нашата земја која толку многу ја сакам“, објави тој на X.

Франција ќе излезе на гласање за да гласа за ново Национално собрание на 30 јуни, со втор круг на 7 јули, објави Макрон доцна синоќа. зш/

Остани поврзан