Македонско-хрватско друштво Тетово на годишното собрание избра ново раководство
- Македонско – хрватското друштво од Тетово (МХД) информира дека денес е одржано нивното редовно Собрание – највисокиот орган на ова здружение кое ги бира и органите на секои четири години.
Тетово, 28 февруари 2026 (МИА) - Македонско – хрватското друштво од Тетово (МХД) информира дека денеска е одржано нивното редовно Собрание – највисокиот орган на ова здружение кое ги бира и органите на секои четири години.
Избрано е ново претседателство составено од девет члена: Дарко Обадиќ, Наташа Алебиќ Попова, Д-р Данијела Војтикив Самојловска, Соња Србиновска, Тони Здравковски, Горан Видачек, Владимир Копривњак, Љубомир Петровски, Ивица Попоски. За членови на Надзорен одбор се избрани Недиљко Ромац, Владимир Тоиќ, Ивица Стојаноски.
Собранието почна со свечен дел со пригодни говори и обраќања, а потоа следуваше и работниот дел за избор на ново раководство.
Свечениот дел го отвори, актуелната амбасадорка на Република Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ.

-Таа посочи дека и пред четири години била на годишното собрание на МХД. Ја посочи интензивната билатерална соработка помеѓу Македонија и Хрватска, која во скоро време ќе резултира со најнов документ за стратешко партнерство на двете држави во сите сегменти, пренесуваат од МХД.
Историчарот и архивист д-р Бранислав Светозаревиќ од Тетово, поранешен директор на Музејот на македонската борба за самостојност, во своето обраќање се осврна на Хрватите во Тетово и Тетовско, за кои посочи дека на различни начини придонеле за развој на македонското општество
-Хрватите во Македонија и особено во Тетово оставија голема културолошка трага во секоја област - посочи Светозаревиќ.
Македонско – хрватското друштво во Тетово е основано во 2002 година, како огранок на Македонско – хрватското друштво, кое пак беше основано во 1993 година во Скопје. ас/вг/
фото МХД