• петок, 15 ноември 2024

„Македонски семејни винарии" потпиша договор за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна

„Македонски семејни винарии

Кавадарци, 24 декември 2023 (МИА) - Здружението „Македонски семејни винарии" потпиша договор за соработка со Факултетот за Земјоделски науки и храна од Скопје, информираше денеска Горан Јаковлевски, претседател на Здружението. 

- За нас како здружение, оваа соработка со една од најстарите научни институции во државата, значи многу. Мошне е значајно да се има поддршката од стручни лица на теоретски и практичен план, на патот кон нашата крајна цел, производство на врвни вина и промоција на винскиот туризам, рече Јаковлевски за МИА. 

Тој нагласи дека со законските олеснувања, македонските семејни винарии си го нашле своето место на винската карта и нивниот број секојдневно расте.

- Тие се веќе препознатлив вински фактор, наградуван во земјава и странство, рцени Јаковлевски.

Меморандумот го потпишаа деканот, професор доктор Вјекослав Танасковиќ и потпретседателот на Здружението Александар Клинчаров. свд/лв/

фото: „Македонски семејни винарии"  

Остани поврзан