Македонски каратисти учествуваат на традиционалниот балкански карате семинар и куп „Неа Флогита 2024“
- Македонски претставници во традиционално карате од 17 до 21 јуни 2024 учествуваат на балкански карате семинар и куп „Неа Флогита 2024“.

Неа Флогита, 17 јуни 2024 (МИА) - Македонски претставници во традиционално карате од 17 до 21 јуни учествуваат на балкански карате семинар и куп „Неа Флогита 2024“.
Семинарот го водат македонските карате мајстори: Венцислав Недев, Дејан Недев и Аљоша Недев.
- На семинарот учествуваат над 80 каратисти од Македонија, Грција, Бугарија, Србија и Романија. На 21 јуни ќе се одржи традиционалниот Балканскиот куп “Неа Флогита 2024” како и полагање за ученички и мајсторски појаси, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.
Овој семинар претставува и подготовка за државните репрезентативци пред претстојниот светски шампионат кој од 6-10 Ноември ќе се одржи во Лима, Перу. зс/