• вторник, 07 мај 2024

Македонските футсалци ги завршија мундијалските квалификации 

Македонските футсалци ги завршија мундијалските квалификации 

Јевле, 8 март 2023 (МИА) - Македонската репрезентација во футсал не успеа да се пласира во плејофот за пласман во елитната рунда од квалификациите за Светското првенство 2024, откако вечерва директниот конкурент Шведска освои бод против фаворитот Италија и ги истисна „црвено-жолтите“ од второто место во групата 10.

Разврската во битката за второто место ја донесе вечерашниот дуел во Јелве каде Шведска пред своите гледачи одиграа 7-7 против Италија, која од претходно обезбеди место во елитната рунда. 

Северна Македонија и Шведска го завршија настапот во групата со по 4 бодови, но Швеѓаните обезбедија место во плејофот поради подобриот скор во меѓусебните дуели (6-5).

Жрепката за плејоф натпреварите за пласман во елитната рунда од мундијалските квалификациите ќе се одржи на 10 март, а дуелите ќе се играат во периодот од 10 до 19 април. ег/свс/

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан