• сабота, 18 мај 2024

Македонските фудбалски кадети поразени од Црна Гора

Македонските фудбалски кадети поразени од Црна Гора
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 16 години беше минимално поразена од Црна Гора на контролниот дуел одигран вчера во Стара Пазова, Србија. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ загубија со 1:2. Противникот рано уште во 2. минута успеа да постигне погодок за предност од 1:0. Пред крајот на првиот Никола Стојковски го израмнат резултатот. Во продолжението од средбата и двете селекции пропуштија по неколку добри прилики, а Црна Гора со гол во 85. минута успеа да слави победа. На овој натпревар Станојковиќ настапи со следниот сотав: Славе Вргов (г), Генц Кљику, Андреј Велков, Кристијан Георгиевски, Анес Мелиќи, Оливер Савевски, Даниел Коцев, Миксимилијан Димитриевски, Алтин Алили, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши. зс/

Остани поврзан