Македонските фудбалерки до 17 години со триумф над Грузија
- Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години денес оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.

Приштина, 3 октомври 2023 (МИА) - Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години денес оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, доминираа во текот на мечот и на крајот заслужено се радуваа на убедлива победа од 5:0.
Хет-трик постигна Грозданова, по еднаш погодија Трендова и Попески.
Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, Македонките на 6 октомври ќе се соочат со селекцијата на Ерменија. зс/
Фото: ФФМ