• понеделник, 23 декември 2024

Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата Дејвис куп група

Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата Дејвис куп група
Улцињ, 25 јуни 2022 (МИА) – Македонската машка тениска репрезентација обезбеди опстанок во третата Светска група од натпреварувањето од Дејвис купот, откако попладнево во решавачкиот натпревар го совлада Луксембург со 2-0. Триумфот на македонската репрезентација на дуелот во Улцињ го донесоа Берк Бугариќ со победата од 2-0 во сетови над Ерик Пепард и Обрад Марковски, кој со максимални 2-0 беше поуспешен од Андреј Спасоевиќ. Со тоа Македонија го заврши годинешниот настап во Дејвис купот со две победи, откако претходно беше поуспешна од Црна Гора во рамки на групата Б.ег/бт/

Остани поврзан