• петок, 22 ноември 2024

Македонските ракометари поразени од Романија на првиот тест дуел

Македонските ракометари поразени од Романија на првиот тест дуел

 

Браила, 15 март 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва од Романија на гостински терен во Браила со 27-32 (16-15), во првиот од двата контролни натпревари против истиот противник во рамки на ЕХФ неделата.

Македонската репрезентација, која допатува во Браила без неколкумина стандардни репрезентативци, имаше водство на полувреме, но домаќините со резултатски пресврт во вториот дел на крајот забележаа победа од пет голови разлика.

Вториот натпревар, исто така во Браила е закажан за утре.

Македонските ракометари со пресметките проитв романската селекција воедно ги стартуваат завршните подготовки за мајскиот бараж против Фарските острови за пласман на Мундијалот 2025. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан