• петок, 05 декември 2025

Македонските кошаркарски јуниори поразен на стартот од ЕП

Македонските кошаркарски јуниори поразен на стартот од ЕП

 

Ереван, 11 јули 2025 (МИА) – Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација загуби од Холандија со 78-58 во воведното коло на Европското првенство во Б дивизијата кое денеска почна во Ереван.

Македонските кошаркари имаа предност по првото полувреме од 34-31, но во продолжението уследи пад во играта, особено во последната четвртина во која Холандија со серија од 17-4 се одвои на недостижни 67-52 во завршницата на дуелот.

Ќириловски беше најефикасниот играч во македонскиот состав со 14. поени, а додаде и пет асистенции и четири скокови, додека Луканоски уфрли 13. поени.

Во второто коло од групата „А“, Македонија утре, од 19. часот, ќе игра против Австрија. ег

ФОТО: МКФ

Остани поврзан