• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркари претпоследни на Челенџерот во Скопје

Македонските кошаркари претпоследни на Челенџерот во Скопје
Скопје, 9 август 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со четири порази и само една победа, на претпоследното, 5. место го заврши ФИБА Челенџер турнирот во Скопје. „Црвено-жолтите“ синоќа во последното коло загубија од Германија со 97:79. За најкорисен играч (МВП) на турнирот во СРЦ „Кале“ е прогласен кошаркарот на Шпанија, Жорди Стегермајер Родригез. Шпанската селекција со максимални пет победи заврши на првата позиција, пред Србија која имаше биланс 4-1 и Германија со ефект 3-2 (победи-порази). зс/

Остани поврзан