• недела, 02 март 2025

Македонските каратисти со 11 медали стартуваа на Балканското првенство

Македонските каратисти со 11 медали стартуваа на Балканското првенство

 

Будва, 2 март 2025 (МИА) – Македонските каратисти денеска ги очекува настап на тимовите во борба за мажи и жени, како и настап на женскиот ката тим, на вториот ден од Балканското сениорско првенство во Будва, на кое вчерашниот успешен ден го завршија со освојување на вкупно 11 медали.

Љупче Михајлов, во категоријата до 75 килограми, и Стефан Стојановиќ (+84 килограми) освоија сребрен медал, додека Емил Павлов (-67 килограми), Реџеп Рушити (-75килограми) и Данка Стојкова во категоријата кати се закитија со бронза.

Претходно, на првиот ден титулата балкански шампион ја освои Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро, а со бронзен медал се закитија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.

На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваат 350 каратисти од 12 држави. ег

ФОТО: КФМ

Остани поврзан