Македонскиот футсал шампион се засили со репрезентативец на Венецуела
- Македонскиот првак во футсал Форца донесе големо засилување во своите редови за претстојните квалификации во УЕФА Лигата на шампиони и новата сезона во домашното првенство, потпишувајќи договор со репрезентативецот на Венецуела, Жезус Ривас.
Куманово, 25 јули 2025 (МИА) – Македонскиот првак во футсал Форца донесе големо засилување во своите редови за претстојните квалификации во УЕФА Лигата на шампиони и новата сезона во домашното првенство, потпишувајќи договор со репрезентативецот на Венецуела, Жезус Ривас.
„Овој трансфер е важен чекор кон исполнување на нашите домашни и меѓународни цели, и ќе донесе искуство и квалитет во нападот“, соопшти клубот од Куманово.
Како што е најавено, Ривас ќе се приклучи на македонскиот шампион во следните неколку денови и се очекува да биде подготвен за настап во квалификациите во Лигата на шампиони.
Прелиминарната квалификациска рунда во Лигата на шампиони во футсал ќе се одржи од 26 до 31 август, а Форца на домашен терен во спортската сала во Куманово ќе биде домаќин на групата во која за противници ќе ги има ерменски Ереван, Мурата од Сан Марино и шампионот на Андора, Енкамп. ег
ФОТО: Форца/Фејсбук.