Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се враќа во Хрватска
- Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски ќе игра за екипата на Горица од Хрватска, објави клубот.

Велика Горица, 9 август 2021 (МИА) - Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски ќе игра за екипата на Горица од Хрватска, објави клубот.
Договорот со тимот на Горица доаѓа по раскинувањето со францускиот Ним и важи до 2024 година.
Стојановски претходно има настапувано на терените во Хрватска во редовите на Дугопоље, РНК Сплит и Неретванац.
Горица е дел од најквалитетната хрватска фудбалска лига и во моментов се наоѓа на петтото место од табелата. ар/цр