• среда, 04 септември 2024

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ нов кошаркар на Уникс Казан

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ нов кошаркар на Уникс Казан
Казан, 3 август 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ е нов член на Уникс Казан, објави денеска рускиот клуб на социјалните мрежи. Димитријевиќ (24) се сели во руското првенство од редовите на шпанска Валенсија. Уникс Казан соопшти дека Димитријевиќ доаѓа во клубот од Казан како позајмен кошаркар и ќе биде дел од тимот до крајот на сезоната 2022/23. Тренерот на рускиот клуб Велимир Перасовиќ истакна дека неговиот клуб ангажирал амбициозен кошаркар со голем потенцијал. - Верувам дека брзо ќе напредува и ќе и помогне на нашата екипа да биде уште посилна, изјави Перасовиќ. ег/сх/

Остани поврзан