Македонскиот поет Димче Шипинкаровски добитник на награда на меѓународните книжевни средби „Петар Канавелиќ - Корчула“
- Македонскиот поет, стружанецот Димче Шипинкаровски е годинашен добитник на наградата „Korkyra Melaina“ на 10. меѓународни научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ – Корчула“, што од 23 до 25 овој месец се одржаа во Корчула, во организација на Хрватското книжевно друштво.
Струга, 25 септември 2025 (МИА) - Македонскиот поет, стружанецот Димче Шипинкаровски е годинашен добитник на наградата „Korkyra Melaina“ на 10. меѓународни научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ – Корчула“, што од 23 до 25 овој месец се одржаа во Корчула, во организација на Хрватското книжевно друштво.
На настанот посветен на животот и делото на познатиот поет, епски и драмски писател од 17. век, Петар Канавелиќ (1637–1719), беше промовирана и неговата нова поетска збирка „Светица“.
На манифестацијата учествувале повеќе од дваесет автори, научници и преведувачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Дел од програмата, како што соопшти добитникот Шипинкаровски, биле и научни предавања, промоции на книги, поетски маратони и културни посети низ Корчула.
Меѓународната книжевна награда „Петар Канавелиќ“ му припаднала на поетот Михад Мешиќ – Ривер од Тузла, БиХ. Додека награди за промоција и придонес во меѓународната културна размена награди добиле Станка Радојевиќ Станојевиќ и Родољуб Чориќ од Црна Гора. Според Шипинкаровски, првпат била доделена и наградата „Д-р Франко Ореб“, а добитник бил проф. д-р Марија Кривокапиќ од Црна Гора. сс/са/
Фото Димче Шипинкаровски