• недела, 22 декември 2024

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и Ирина Мурезану ќе настапат во Нови Сад

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и Ирина Мурезану ќе настапат во Нови Сад

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и романската виолинистка Ирина Мурезану ќе настапат вечерва во Новосадската синагога.

Ова е уште едно гостување на „Профундис“ оваа сезона, по настапите на сцената на фестивалот „Раванелиус“ во Србија и „Котор Арт“ во Црна Гора.

- Да се настапува на иста сцена со Ирина Мурезану со нашата концертна турнеја во Скопје, Белград, а сега и во Нови Сад, е вистинска чест. Нејзината виртуозност и страст кон виолината се неспоредливи, а спојувајќи ги заедно со нашиот камерен оркестар „Профундис“, создаваме музичко искуство што ќе допре до срцата на новосадската публика. Концертот е прослава на универзалниот јазик на музиката и ги повикуваме сите да ни се придружат на оваа незаборавна вечер, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички директор и диригент на камерниот оркестар „Профундис“. бд/бак/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан