• петок, 08 ноември 2024

Македонска еспорт федерација со турнири под мотото #StayHome

Македонска еспорт федерација со турнири под мотото #StayHome
Скопје, 30 април 2020 (МИА) - Под мотото #StayHome, Македонската еспорт федерација ќе организира турнири во три еспорт дисциплини. Како што соопштија денеска организаторите, натпреварите ќе се играат на 4 и 5 мај за тимските игри, и на 7-ми мај за „PES 2020“. Учесниците ќе се натпреваруваат во „Counter Strike: Global Offensive“, „League Of Legends“ и „ProEvolution Soccer 2020“. -Победниците на турнирот организиран од МеСФ ќе учестуваат на првиот Европски Куп на Нации, кој ќе започне на Денот на Европа - 9 мај 2020! За наградите на овој турнир ќе се погрижи @anhoch, со вредносни ваучери за топ 3 тимовите! За првата титула шампион на Европа, наши партнери и противници ќе бидат Португалија, Чешка, Србија, Словачка, Белгија, Израел, Белорусија, Унгарија, Србија, Украина и Грузија, соопштија од Федерацијата. Оттаму посочуваат дека во овој двомесечен период, еспортот е единствен спорт кој активно се одвива и се повеќе се практикува. -Светската Здравствена организација препорача да се играат игри за време на пандемијата, но препораките се во насока на умерено играње. Ние како Федерација секогаш предупредуваме дека вкупното време кое се минува пред компјутер да биде посветено на физичка активност. Исто така, правилните тренинзи и обуката може да донесат подобри резултати отколку неконтролираното играње со часови без прекин, се наведува во соопштението на Федерацијата. Македонската еспорт федерација е формирана 2009 година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација, на Европската Еспорт Федерација и на Светскиот конзорциум за Еспорт. Досега наши учесници биле дел од десет светски првенства и веќе 5-та година организираат Национална Еспорт Лига.бт/са/

Остани поврзан