• понеделник, 23 декември 2024

Македонската ракометна А-селекција поуспешна од ветераните

Македонската ракометна А-селекција поуспешна од ветераните

Скопје, 3 јануари 2023 (МИА) – Актуелните македонски ракометни репрезентативци и ветераните вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ одиграа ревијалниот натпревар со хуманитарен карактер. Сите приходи од билетите за овој ракометно-музички спектакл „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село.

Победија актуелните репрезентативци со 25:21.

Пред полните тирбини (околу 6.000 гледачи) продефилираа поранешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, Наумче Мојсовски, Борко Ристовски и другите великани кои го носеа „црвено-жолтиот“ дрес изминатата деценија. Дваесет и двајцата поранешни репрезентативци од РФМ добија врамен дрес.

За најкорисен играч на натпреварот (МВП) е прогласен Ванчо Димовски.

Организаторот на настанот, Ракометната федерација на Македонија, уште еднаш ја покажа својата хуманитарна димензија со поддршката на најранливите, децата и младите без родителска грижа.

Настанот беше збогатен со музичките ѕвезди, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Кики, Некст Тајм, а шоуто го водеше Сашко Коцев.

Македонската репрезентација утре заминува за Пореч да ги продолжи подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска. зс/

Остани поврзан