• понеделник, 23 декември 2024

Македонија 2025 објави седум стипендии за РАНЕПА

Македонија 2025 објави седум стипендии за РАНЕПА
Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Македонија 2025 објави седум стипендии за Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација (РАНЕПА) во Москва за учебната 2021 година. Од Македонија 2025 наведуваат дека станува збор за најдобра Бизнис школа во Русија со меѓународна и национална акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на 4-тото место. Предвидени се две стипендии со целосна школарина за додипломски студии по Европски бизнис, јазик и култура  (4 годишни студии),  две стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (2 годишни студии) и три стипендии со делумна школарина (50%)  за магистерски студии за управување со проекти  (2 годишни студии). Според Македонија 2025 ова е одлична можност за млади и амбициозни ученици/студенти да се здобијат со меѓународно искуство и диплома, и да запознаат колеги и професионалци од различни краеви на светот.  Краен рок за аплицирање е 25 март 2021 година. скс/дма/

Остани поврзан