• петок, 05 декември 2025

Македонија ја пречекува Романија во претквалификациите за Мундобаскет 2027

Македонија ја пречекува Романија во претквалификациите за Мундобаскет 2027

Куманово, 2 август 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација на нашиот најголем национален празник Илинден ги почнува претквалификациите за Светското првенство 2027.

Противник на „црвено-жолтите“ во 1.коло ќе биде селекцијата на Романија. Натпреварот ќе се игра во во реновираната сала во Куманово. 

Ова ќе биде прв натпревар за македонската репрезентација во Куманово по пауза од 26 години, па во градот владее голема еуфорија. 

- Билетите за средбата Македонија-Романија се распродадени! – соопшти КФСМ. 

Тоа значи дека исклучително важниот меч за нашиот национален тим ќе го проследат околу 4-5.000 гледачи.

Почетокот на средбата е закажан за 20 часот. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан