„Македонија пат“: По расчистување на одронот нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје-Велес пред тунелите кај Башино Село
- Дежурната служба на „Македонија пат“ утрово околу 7 часот по добиената информација за кратко време ги расчисти поситните одрони од карпа паднати на автопатот Скопје-Велес, пред тунелите кај Башино Село, информира за МИА, Божидар Цветковски технички раководител на Подружницата Автопат на „Македонија Пат“.
Велес, 27 октомври 2025 (МИА) – Дежурната служба на „Македонија пат“ утрово околу 7 часот по добиената информација за кратко време ги расчисти поситните одрони од карпа паднати на автопатот Скопје-Велес, пред тунелите кај Башино Село, информира за МИА, Божидар Цветковски технички раководител на Подружницата Автопат на „Македонија Пат“.
Тој воедно со фотографија од терен демантира некои медиуми кои утрово известија за голем одрон од карпа на овој дел од автопатот Скопје-Велес кај Башино Село.
Од Автомото сојузот на Македонија информира дека по расчистување на одрон, повторно е нормализиран сообраќајот на двете коловозни ленти на автопатот Скопје-Велес пред тунелите кај Башино Село. Поради одронот на левата коловозна лента, сообраќајот кратко време се одвиваше само по десната коловозна лента. ад/дма/
Фото: „Македонија пат“