• петок, 05 декември 2025

Нов пораз на кадетите на ЕП Б дивизија во Скопје

Нов пораз на кадетите на ЕП Б дивизија во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го претрпе четвртиот пораз на ЕП Б дивизија во Скопје. Поуспешни од македонските кадети беа врсниците од БиХ со 61:56. Резултат по четвртини: 13:11; 13:17; 22:12 и 16:13.

Повторно македонскиот тим шансата за победа ја испушти во последните три минити. По водството од 51:50 противникот направи серија од 10-0 и обезбеди предност за победа.

Македонскиот тим утре во последното коло од групата игра против Словачка. 

Остани поврзан