• петок, 27 декември 2024

Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба

Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 3:1 на домашен терен од соодветната селекција на Косово во рамките на првата контролна пресметка помеѓу овие две селекции.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одлично го започнаа мечот и сосема заслужено рано во 16. минута поведоа со 1:0. Стрелец на погодокот беше Никола Величковски. Во 29. минута, Арјанит Фазлија стрелаше за изедначување на резултатот.

Во 66. минута, Косово преку Куртиши прави комплетен пресврт и доаѓа до предност од 2:1. Куканај ги поставува конечните 3:1.

Македонија и Косово ќе одиграат уште еден контролен натпреваро во Скопје, на 17. ноември. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан