Ашаданов: Подготвени влегуваме и во двата дуела
- Македонската женска кошаркарска репрезентација замина во Белград каде ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025.

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација замина во Белград каде ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025.
Македонија е во Г-групата заедно со Србија, Украина и Португалија. Ашаданов, се надева на добра игра од страна на неговите избранички и покрај тоа што исходот од натпреварите нема да има влијание врз промена на табелата во групата.
- Последен прозорец од квалификацискиот циклус. Два натпревара кои на хартија немаат значење, но за нас доста важни да покажеме дека можеме да играме со најдобрите. Најпрво се сретнуваме со екипата на Србија која е главен фаворит во групата и екипа од висок ранг. Доста подмладена во последниот период, но на чело со Марина и те како ќе бидат повторно фаворити за највисок пласман. Веќе во недела не очекува уште едно тешко гостување овој пат кај Украина во Рига. Подготвени влегуваме во двата дуела, со добра атмосфера и желба се надеваме на позитивен исход., изјави Ашаданов.
Натпреварот против Србија ќе се одигра утре (6 февруари) со почеток во 18 часот. Последниот натпревар од овој квалификациски циклус, против Украина во Рига, ќе се одигра в недела (9 февруари). зс/
Фото: КФСМ