• сабота, 06 декември 2025

Македонија до 16 забележа победа над Грузија во второто коло на УЕФА развојниот турнир во Албанија

Македонија до 16 забележа победа над Грузија во второто коло на УЕФА развојниот турнир во Албанија

Тирана, 15 април 2025 (МИА) - Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години забележа победа минимална со 1:0 против соодветната селекција на Грузија во рамките на вториот натпревар од УЕФА развојниот турнир што се одржува во Албанија. 

Елена Наумовска беше херојот на Македонија, со нејзиниот погодок во 85. минута, успеавме да славиме тешка победа над Грузија. Двете селекции одиграа доста борбен натпревар во кој беа пропуштени неколку изгледни прилики за гол.

Женската репрезентација на Македонија до 16 ја оствари и втората победа на овој контролен турнир, по победата над Бугарија во рамките на првото коло, по подоброто изведување на пенали.

Во последното коло, кое е на програмата на 18. април ќе играме со домаќинот Албанија. Овој натпревар ќе започне во 15. часот. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан