• понеделник, 23 декември 2024

Македонија води на полувремето против Косово

Македонија води на полувремето против Косово
Скопје, 8 октомври 2020 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија води на полувремето против селекцијата на Косово со 2:1 во полуфиналето од Лига Д во Лигата на нациите. „Жолто-црвените“ поведоа со автоголот на Алити по шут на Ристовски во 16 минута, а десетина минути подоцна Хадерџонај израмни со удар од далечина по грешка на нашите дефанзивци. Македонија си го врати водството преку Велковски во 33 минута. Доколку вечерва оствари победа, нашата репрезентација ќе игра во финалето со селекцијата на Грузија. Победникот во дуелот ќе игра на ЕП 2021. Фото: Игор Ордев

Остани поврзан