• вторник, 16 јули 2024

Македонецот Благојче Павлески еден од победниците на 24. „CodeIT“

Македонецот Благојче Павлески еден од победниците на 24. „CodeIT“

Прилеп, 5 јуни 2024 (МИА) - Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24. Меѓународен натпревар по програмирање „CodeIT“, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12 финалисти, врвни таленти кои влегоа во финалето.

„CodeIT“ е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2300 натпреварувачи од преку 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Северна Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина.

-Мусала Софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи. Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите, истакнува Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.

Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од пет земји, Северна Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска.

-Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело, смета Елена Маринова, коосновач на Мусала Софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.

Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до осмо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите пет јуниори од секоја сезона се натпреваруваат во финалето. ем/мд/

фото: Еlement PR

 

Остани поврзан